Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Заложничка драма во Скопје, вклучен и полицаец: Го однеле под мост и го боделе со нож, му барале пари и се заканиле со убиство
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Го лажел дека ќе и помогне на жена му за лекување во странство, па му земал над 88.000 евра, а таа починала
МВР
(Фото) Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес
МВР
Уапсен Турчин кој се барал со потерница
МВР
Полицаец возел пијан и предизвикал сообраќајка, па доби кривична пријава
МВР
Полицијата уапси 55-годишник, пронајдени чаури и муниција во неговиот дом
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Заложничка драма во Скопје, вклучен и полицаец: Го однеле под мост и го боделе со нож, му барале пари и се заканиле со убиство

Претрес.мк
Последни промени 04/05/2024
Претрес.мк
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
Categories

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Го лажел дека ќе и помогне на жена му за лекување во странство, па му земал над 88.000 евра, а таа починала
(Фото) Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес
Уапсен Турчин кој се барал со потерница
Полицаец возел пијан и предизвикал сообраќајка, па доби кривична пријава
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад