Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Добија кривични: Пазарни инспектори фатиле нелегални менувачници, но наместо да ги запечатат – ги казниле парично
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Трагедија кај Демир Хисар: Возач почина на лице место
МВР
Двајца малолетници возеле без дозвола, еден во спротивна насока во Гостивар
МВР
Маж од Струмица и 25-годишна жена се тепале во Центар
МВР
Узурпирал државно земјиште и изградил куќа без дозвола
МВР
Извадила потврда од казнена евиденција без согласност од лицето, па ја употребила против него
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Добија кривични: Пазарни инспектори фатиле нелегални менувачници, но наместо да ги запечатат – ги казниле парично

Претрес.мк
Последни промени 29/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 6 службени лица – Инспектори вработени во Државен Пазарен Инспекторат за сторено кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување” од чл. 353 од Кривичниот законик.

Имено, во текот на месеците Март и Април 2023 година, пријавените преземале службени дејствија и вршеле контрола во три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на “Бит Пазар” за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, а подолг временски период работеле како менувачници.

Иако согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, пријавените инспектори на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат Решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противредност, истите не ги преземале наведените дејствија.

При сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците, пријавените им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со незивршување на својата службена должност го сториле кривичното дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Трагедија кај Демир Хисар: Возач почина на лице место
Двајца малолетници возеле без дозвола, еден во спротивна насока во Гостивар
Маж од Струмица и 25-годишна жена се тепале во Центар
Узурпирал државно земјиште и изградил куќа без дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад