Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична пријава против три полициски службеници поради несовесно работење
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пијан тетовчанец ја натепал поранешната сопруга
МВР
Физички нападнат курир на брза пошта, не можеле да се договорат за времето на испорака
МВР
Трагедија кај Гостивар: Метален дел од кран усмрти работник додека се обидувал да ја одглави сајлата
МВР
Кривична против управителка од Крива Паланка: исплатувала 1.000 денари К-15 и објавила матичен број
МВР
Пукање со пиштол, дрога и измама со врати – три кривични во Струга
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична пријава против три полициски службеници поради несовесно работење

Претрес.мк
Последни промени 28/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 25.03.2024 поднесе кривична пријава против три лица- полициски службеници до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција за кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик, затоа што дозволиле да настане застареност на дисциплинска постапка која се водела против вработен во МВР кој бил осомничен за злосторничко здружување и присвојување добра под привремена заштита и културно наследство.

Полициските службеници во својство на членови на дисциплинска комисија несовесно постапиле во вршењето на своите должности и овластувања што пропуштиле во законски рок да ја спроведат дисциплинска постапка против вработен во СВР Струмица за кој била поднесена кривична пријава „Злосторничко здружување“ и „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство“ и му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Тие наместо навремено да постапат по иницијативата за утврдување на дисциплинска одговорност, расправата ја одржале дури по повеќе од една година по добиеното известување од страна на јавниот обвинител, со што дозволиле да настане апсолутна застареност за водење дисциплинска постапка, притоа постапувајќи спротивно на законите и подзаконските акти.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пијан тетовчанец ја натепал поранешната сопруга
Физички нападнат курир на брза пошта, не можеле да се договорат за времето на испорака
Трагедија кај Гостивар: Метален дел од кран усмрти работник додека се обидувал да ја одглави сајлата
Кривична против управителка од Крива Паланка: исплатувала 1.000 денари К-15 и објавила матичен број
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад