Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Дрога, мигранти, фалсификувања: Апсења на повеќе локации во Скопје, на две граници, и во Велес
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Италијански државјанин ограбен во центарот на Скопје, му одзеле часовник и пари
МВР
Во Кондово опожарено возило во двор на семејна куќа
МВР
Неексплодирана граната пронајдена на градилиште на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје
МВР
24-годишно момче пронајдено починато во семејниот дом
МВР
Украл електричен тротинет во Центар, полицијата го пронашла за неколку часа
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Дрога, мигранти, фалсификувања: Апсења на повеќе локации во Скопје, на две граници, и во Велес

Претрес.мк
Последни промени 16/03/2024
Претрес.мк
Сподели

а 16.03.2024 во 02.10 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Ѓ.(53) и Е.А.(50), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 15.03.2024 во 21.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 15.03.2024 во 16.10 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.М.(26) од Богданци, со привремен престој во Гевгелија. Тој бил затекнат како му помага на Е.Х.(39) од Република Албанија илегално да помине од територијата на Република Грција во Република Северна Македонија. За настанот биле известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 15.03.2024 во 18.00 часот на улица „АСНОМ“ во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода О.Ѓ.(43) и К.Б.(49), двајцата од Велес, затоа што при преглед на возилото во кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.03.2024 во 19.00 часот на наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Л.М. затоа кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и кафеава грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.03.2024 во 15.00 часот на Гранчен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.К.Б.(43), по негово кажување, од Палестина. При пасошка контрола и проверка, тој на увид дал романска лична карта, за која било утврдено дека е фалсификувана. Лицето било спроведено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Италијански државјанин ограбен во центарот на Скопје, му одзеле часовник и пари
Во Кондово опожарено возило во двор на семејна куќа
Неексплодирана граната пронајдена на градилиште на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје
24-годишно момче пронајдено починато во семејниот дом
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад