Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Со дрва и цевки тепани жени во виничко село: при апсење се заканувале со убиства
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Автомобил удри 75-годишна жена кај гробиштата во Ѓорче Петров, пренесена во болница со тешки повреди
МВР
Електричен тротинет удри пешак во Гостивар, возачот на тротинетот избега од местото на несреќата
МВР
Двајца мажи нападнати со тврди предмети во Скопје, полицијата трага по сторителите
МВР
Масовна тепачка со стаклени и остри предмети меѓу членови на два боречки клуба на Бит Пазар
МВР
Се запалил продажен објект во Чаир
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Со дрва и цевки тепани жени во виничко село: при апсење се заканувале со убиства

Претрес.мк
Последни промени 14/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди.

Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот. На овој начин осомничените сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство. Со оглед на опасноста осомничените да го повторат делото или да извршат друго дело со кое се закануваат, но и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Виница достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притворска мерка спрема сите осомничени.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Автомобил удри 75-годишна жена кај гробиштата во Ѓорче Петров, пренесена во болница со тешки повреди
Електричен тротинет удри пешак во Гостивар, возачот на тротинетот избега од местото на несреќата
Двајца мажи нападнати со тврди предмети во Скопје, полицијата трага по сторителите
Масовна тепачка со стаклени и остри предмети меѓу членови на два боречки клуба на Бит Пазар
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад