Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Поранешниот директор на ПИОМ го оштетил Фондот за 1.387.558 денари, тврди МВР и поднесе кривична пријава
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Во Белград уапсен скопјанецот кој прегази жена и побегна, следува екстрадиција
МВР
Протест на ССМ во Скопје, сообраќајот во центарот ќе биде целосно пренасочен
МВР
(Во живо) Давидовиќ: Вината за процесот за Пулс е кај екс обвинителот Коцевски кој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата
Претрес
(ВО ЖИВО) Во Врање приведено лицето кое прегази и усмрти жена во Капиштец
Претрес
(Во живо) Ексклузивно во Претрес, Давидовиќ покажа договор за пренос на пари на мајката на судијата Ристов
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Поранешниот директор на ПИОМ го оштетил Фондот за 1.387.558 денари, тврди МВР и поднесе кривична пријава

Претрес.мк
Последни промени 13/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршител на функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25 ст.1 од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.

Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот на Република Северна Македонија.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Во Белград уапсен скопјанецот кој прегази жена и побегна, следува екстрадиција
Протест на ССМ во Скопје, сообраќајот во центарот ќе биде целосно пренасочен
(Во живо) Давидовиќ: Вината за процесот за Пулс е кај екс обвинителот Коцевски кој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата
(ВО ЖИВО) Во Врање приведено лицето кое прегази и усмрти жена во Капиштец
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад