Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Таткото на убиената Вања: Кога ќе се донесе одлуката, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Кривични пријави против 11 лица за сторени повеќе кривични дела при плаќање давачки за увоз на половни моторни возила и нивна регистрација во државата
МВР
(ВО ЖИВО) Орце Ѓорѓиевски: Мицкоски го почитувам како родител, тој 15 години ќе биде премиер
Претрес
(ВО ЖИВО) Ѓорѓиевски: Шах-мат ќе направам на избори
Претрес
(ВО ЖИВО) Орце Ѓорѓиевски:Премиер не сакам да бидам, министер можеби, сега го живеам својот сон
Претрес
(🔴ВО ЖИВО)„Претрес“ на Орце Ѓорѓиевски: Од празните „ќе“ до преполните контејнери, до кога „ќе“ се гушиме во Скопје?
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

(Видео) Таткото на убиената Вања: Кога ќе се донесе одлуката, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка

Претрес.мк
Последни промени 13/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Обвинителката Наталија Тасевска бара Александар Ѓорчевски, татко на Вања, да остане во притвор, адвокатот Владимир Туфгеџиќ бара тој да биде да се брани од слобода, а осомничениот низ солзи му кажа на судот дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот. Ѓорчевски кажа дека е на два света, а дека сам ќе одлучи дали ќе остане со помладата ќерка или ќе и се придружи на Вања. Од почетокот на јавната седница па се до крајот, тој плачеше.

„Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка“, рече Ѓорчевски.

Беше побарано осомничениот на кратко да се сретне со неговите родители кои дојдоа како јавност во судницата, а Врховен суд им даде да поминат заедно две минути.

Обвинителката Тасевска се противи на тоа Ѓорчевски да биде ослободен од притвор. Според неа постои висок ризик тој да избега или да го повтори делото. Немаше образложение врз основа на кои докази го искажува тоа тврдење.

Адвокатот Туфегџиќ му повтори и на Врховниот суд, дека Ѓорчевски е неоправдано во притвор и дека со тоа се прави уште една трагедија, покрај убиството на неговата ќерка. Посочи дека за притворот нема основана аргументација.

Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Можеби ќе ти се допадне

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – последното сведоштво на Росица за убиецот Илија, шест дена пред да биде убиена

Обвинителството водело постапки против Илија Стефановски, убиецот на Росица и нејзиниот татко: имал условна казна, мерка за забрана и повеќе пријави за насилство

Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Кривични пријави против 11 лица за сторени повеќе кривични дела при плаќање давачки за увоз на половни моторни возила и нивна регистрација во државата
(ВО ЖИВО) Орце Ѓорѓиевски: Мицкоски го почитувам како родител, тој 15 години ќе биде премиер
(ВО ЖИВО) Ѓорѓиевски: Шах-мат ќе направам на избори
(ВО ЖИВО) Орце Ѓорѓиевски:Премиер не сакам да бидам, министер можеби, сега го живеам својот сон
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад