Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична пријава против две лица, вработени во Министерство за земјоделие
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тошковски: „Човечкиот живот нема цена, со Фондацијата „Фросина Кулакова“ ќе работиме на побезбеден сообраќај“
МВР
Тетовец приведен откако ја нападнал мајка му и кршел покуќнина
МВР
Пожар во маркет во Гостивар, оштетени возила и околни објекти
МВР
Две Бразилки и две Украинки приведени поради непријавен престој
МВР
Уапсен крадец баран со потерница, се сомничи и за нови кражби во Гостивар
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична пријава против две лица, вработени во Министерство за земјоделие

Претрес.мк
Последни промени 08/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Д.(45) од Скопје и Л.И.(40) од тетовско, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.

Првопријавениот А.Д. и второпријавената Л.И., двајцата вработени во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, од јули 2021 година биле именувани за членови во Комисија за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. По доставени понуди за површини до три хектари по јавен повик, на 25.11.2021 постапиле спротивно на одредбите од Правилникот за начинот на работа на комисијата во постапките по распишани јавни огласи и постапките со прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост“. Имено, пријавените без потребниот кворум започнале со јавно отворање на понудите, со што оневозможиле вклучување на останатите членови на комисијата и продолжување на постапката на законит начин.

На 06.01.2022, членовите на комисијата, кои не учествувале на јавното отворање на понудите, дале предлог за поништување на постапката за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, кој бил прифатен од заменик министер во министерството и јавниот повик со решение бил поништен. На тој начин, пријавените предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 294.448 денари.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тошковски: „Човечкиот живот нема цена, со Фондацијата „Фросина Кулакова“ ќе работиме на побезбеден сообраќај“
Тетовец приведен откако ја нападнал мајка му и кршел покуќнина
Пожар во маркет во Гостивар, оштетени возила и околни објекти
Две Бразилки и две Украинки приведени поради непријавен престој
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад