Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: „Беса транс“ четири години не смее да превезува патници, газдата година и осум месеци во затвор
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Две лица уапсени при претрес во Прилеп, пронајдени марихуана и прашкаста материја
МВР
Претрес во Македонски Брод, пронајдени марихуана и течна материја, приведен 22-годишник
МВР
63-годишна жена го нападнала сопругот со остар предмет
МВР
Пронашол мина од Втората светска војна на покривот на семејна куќа
МВР
Легализирал дивоградба и овозможил отуѓување државно земјиште, кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

„Беса транс“ четири години не смее да превезува патници, газдата година и осум месеци во затвор

Претрес.мк
Последни промени 07/03/2024
Претрес.мк
Сподели

„Беса транс“ доби четиригодишна забрана за вршење дејност, а сопственкот на превозникот, Беким Хаџиу, доби 1 година и 8 месеци затвор. Оваа пресуда ја донесе судијата Ивица Стефановски. Според него, сопственикот и превозникот се виновни, бидејќи знаеле, а немале извод од лиценца која треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски – а границата се поминувала со лажен документ. Пресудата не е правосилна, бидејќи обвинетите имаат право на жалба до Апелација.

Адвокатот Асмир Алиспахиќ најави жалба на пресудата бидејќи според него, не може да се донесе ваква пресуда бидејќи не е исполнето битието на кривичното дело. Обвинетиот е осуден за фалсификување на документ, односно документ со кој автобусите на „Беса транс“ поминувале нелегално граница.

„Со оглед на образложението, ќе се жалиме на пресудата. Ова кривично дело не е поврзано со несреќата која се случи во Бугарија. Ова е кривично дело во делот на работењето на правното лице ‘Беса Транс’. Ако се направи компарација со други направени вакви сличаи, сметам дека во оваа ситуација, казната е превисоко одмерена“, вели Алиспахиќ Асмир, адвокат на „Беса Транс“ и сопственикот на превозникот, Беким Хаџиу.

„Сите бевте сведоци на одлуката на судот и целосно беше прифатено обвинението. Она што можам да го кажам е дека ќе чекаме писмена одлука на судот, за да видиме што ќе преземеме понатаму. Обвинителството во обвинението посочува дека Министерството за транспрот и врски нема издадено извод од лиценца, тоа значи дека автобусот покажувал пред надлежните органи извод од лиценца, а за тој автобус воопшто немало“, вели обвинителот Владимир Милошевски.

Овој предмет не е за причините за сообраќајната незгода, бидејќи тој случај се водеше во Бугарија.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Две лица уапсени при претрес во Прилеп, пронајдени марихуана и прашкаста материја
Претрес во Македонски Брод, пронајдени марихуана и течна материја, приведен 22-годишник
63-годишна жена го нападнала сопругот со остар предмет
Пронашол мина од Втората светска војна на покривот на семејна куќа
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад