Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Детали за акцијата на МВР: Сузбиена криминална група, приведени 10 лица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Во живо) Давидовиќ: Вината за процесот за Пулс е кај екс обвинителот Коцевски кој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата
Претрес
(ВО ЖИВО) Во Врање приведено лицето кое прегази и усмрти жена во Капиштец
Претрес
(Во живо) Ексклузивно во Претрес, Давидовиќ покажа договор за пренос на пари на мајката на судијата Ристов
Претрес
(Во живо) Адвокатот на судијата Ристов: Немам толку пари за да ги чувам во ѕид
Претрес
(ВО ЖИВО) 350.000 евра соѕидани зад плочки – сите детали за парите најдени кај родителите на судијата Ѓоко Ристов
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Детали за акцијата на МВР: Сузбиена криминална група, приведени 10 лица

Претрес.мк
Последни промени 02/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Денеска (02.03.2024), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност, спроведе координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на неколку локации на територијата на Република Северна Македонија.

„Групата била инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана. Имено, од октомври 2023 година кога започна акцијата преземени се повеќе оперативно-тактички мерки и активности за сузбивање на групата. Денеска, полициските службеници од слобода лишиле 10 лица, од кои четири од Гевгелија, три од Струмица, две од Струга и едно лице од Демир Капија. Притоа, извршени се претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и обезбедени се материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели.

Приведените лица ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, пронајдената дрога ќе биде дадена на вештачење, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 3 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Во живо) Давидовиќ: Вината за процесот за Пулс е кај екс обвинителот Коцевски кој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата
(ВО ЖИВО) Во Врање приведено лицето кое прегази и усмрти жена во Капиштец
(Во живо) Ексклузивно во Претрес, Давидовиќ покажа договор за пренос на пари на мајката на судијата Ристов
(Во живо) Адвокатот на судијата Ристов: Немам толку пари за да ги чувам во ѕид
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад