Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Тинејџер убиен од малолетник и 21-годишник во Прилеп: го бркале, не успеал да им избега, го боделе со нож до смрт
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје нема да биде заложник на вандали, МВР да ги провери снимките
МВР
(Видео) Градоначалникот од СДСМ за ударот од Филипче и партијата: Непријатно е, не очекував така јавно да ми се обрати
Претрес
(Видео) Човек ми раскажа дека мајка му починала бегајќи од кравите, алармира градоначалникот на Крива Паланка
Претрес
Полициски службеник испраќал закани поради недоразбирање, МВР ќе го суспендира
МВР
Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Тинејџер убиен од малолетник и 21-годишник во Прилеп: го бркале, не успеал да им избега, го боделе со нож до смрт

Претрес.мк
Последни промени 01/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Полицијата го потврди убиството во Прилеп на младо момче, за кое од вчеравечер пишуваат медиумите. Група од две лица го бркале, тоа се сопнало и паднало при бегањето, а тие го прободеле со нож. Вака се одвивала крвавата драма во кое животот го загубило момчето. МВР тврди дека ги има обезбедено сите кои учествувале убиството.

„Денеска (01.03.2024) во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп.

Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.

Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје нема да биде заложник на вандали, МВР да ги провери снимките
(Видео) Градоначалникот од СДСМ за ударот од Филипче и партијата: Непријатно е, не очекував така јавно да ми се обрати
(Видео) Човек ми раскажа дека мајка му починала бегајќи од кравите, алармира градоначалникот на Крива Паланка
Полициски службеник испраќал закани поради недоразбирање, МВР ќе го суспендира
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад