Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Новиот државен обвинител почасти стотина гости за изборот: пола забава платена од државна сметка, пола од џеп
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Марихуана и ризли пронајдени при претрес во Кавадарци, едно лице уапсено
МВР
Скопјанец лажно се претставил како лекар од Италија и барал 35.000 евра
МВР
(ВО ЖИВО) Утковски: Лидерите на чинот на потпишување на Рамковниот договор беа како на сопствениот погреб
Претрес
(ВО ЖИВО) Бобан Утковски: Во 2001 многу грешки беа направени, странците видоа дека не знаеме каде тераме
Претрес
(ВО ЖИВО) Директорот на Шутка: Не верувам дека Груевски ќе се врати
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Брифинг

Новиот државен обвинител почасти стотина гости за изборот: пола забава платена од државна сметка, пола од џеп

Претрес.мк
Последни промени 28/02/2024
Претрес.мк
Сподели

Новиот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски си направил забава за добредојде во куполата на Јавното обвинителство, а ги поканил колегите, претставници на стручна фела, невладини организации и државни институции. Коцевски трошел од државната каса за да ги угости со кетеринг, а пијалаците ги платил од сопствен џеп. Есапот излегол околу 80.000 денари, тврди Обвинителството. На собирот ја повикал и Вилма Русковска, иако таа беше разрешена поради незаконско постапување од Комисијата за дисциплински повреди, чиј претседател беше токму Коцевски. А на собирот биле поканети актуелни и поранешни обвинители, меѓу кои, и неговиот претходник, Љубомир Јовески, како и други пензионирани обвинители.

„Скопје1“ дознава дека забавата била минатиот четврток, а имало над 100 гости. За оваа информација побаравме потврда и од Обвинителство, кои пак велат: „Обвинителството не поседува листа на гости кои се одзвале на поканата“. Прашавме и кој ја правел листата на пожелни гости кои треба да му посакаат успешен старт на Коцевски, но и на тоа прашање нема одговор.

„По состанокот беше организирана и неформална средба на јавниот обвинител и останатите јавни обвинители со претставници на стручната фела, невладини организации и на повеќе државни институции“, стои во кусиот одговор од Обвинителство на прашања за поканетите гости.

Обвинителството можело да ја плати и целата сметка за забавата на Коцевски, но новиот државен обвинител решил дел да подмири сам. Доказ за уплатата на храната, Обвинителството достави до „Скопје1“. Колку чинеле пијалоците – не е познато, но од Обвинителството велат дека и тие ги донел Коцевски.

„Иако Јавното обвинителство, врз основа на законски прописи и одобрен Буџет од Министерството за финансии има спроведено јавна набавка за кетеринг услуги и има предвидени средства за таа намена, од тие средства беа искористени само 39.102 денари, односно помалку од половина од сметката за храна. Останатиот дел од сметката во висина од дополнителни 40.698 денари, како и трошоците за пијалаци послужени за време на неформалната средба ги плати лично Јавниот обвинител Коцевски“, додаваат од Обвинителството за „Скопје1“.

Според уплатницата која ја достави Обвинителството, Коцевски долгот кон фирмата која ги гоштевала гостите го платил денеска на пладне. Иако имало над сто гости, тој платил од својот џеп за 51 лице. За останатите, парите се издвоени од буџетот.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Марихуана и ризли пронајдени при претрес во Кавадарци, едно лице уапсено
Скопјанец лажно се претставил како лекар од Италија и барал 35.000 евра
(ВО ЖИВО) Утковски: Лидерите на чинот на потпишување на Рамковниот договор беа како на сопствениот погреб
(ВО ЖИВО) Бобан Утковски: Во 2001 многу грешки беа направени, странците видоа дека не знаеме каде тераме
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад