Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ќе се издаваат пасоши по приоритетна постапка, ама само за професионални возачи со валиден сертификат
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Поради реконструкција на ГП „Делчево“ возилата ќе минуваат по една лента во секој правец, можно е подолго задржување
МВР
Десет возачи уапсени за безобѕирно управување возило
МВР
Марихуана, амфетамин и кокаин запленети во полициски акции на три локации
МВР
185 прекршоци кај возачи на мотоцикли, велосипеди и електрични возила
МВР
Почина 47-годишен кумановец откако со автомобил излетал од патот Велес-Штип
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Ќе се издаваат пасоши по приоритетна постапка, ама само за професионални возачи со валиден сертификат

Претрес.мк
Последни промени 27/02/2024
Претрес.мк
Сподели

Владата, на денешната седница донесе одлука со којашто на професионалните возачи кои поседуваат валиден сертификат, Министерството за внатрешни работи треба да им издава патни исправи во приоритетна постапка, по редовна цена и врз основа на доставено барање и список од страна на Министерството за транспорт и врски.

Одлуката за воспоставување брза лента за издавање патни документи на професионалните возачи е донесена по информацијата од Министерството за транспорт и врски за одржаниот состанок со превозници кои вршат превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Со одлуката се опфатени сите транспортери и превозници кои поседуваат валидни сертификати за професионални возачи, и на кои им се овозможува по приоритет да ги заменат патните документи, со цел континуирано извршување на работните обврски.

Постапката за пријавување ќе се извршува преку здруженијата и асоцијациите на транспортери, со што листите со професионални возачи ќе се достават до Министерството за транспорт и врски, кое ќе ја проверува валидноста на сертификатите, а понатаму ќе се проследуваат до Министерството за внатрешни работи.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Поради реконструкција на ГП „Делчево“ возилата ќе минуваат по една лента во секој правец, можно е подолго задржување
Десет возачи уапсени за безобѕирно управување возило
Марихуана, амфетамин и кокаин запленети во полициски акции на три локации
185 прекршоци кај возачи на мотоцикли, велосипеди и електрични возила
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад