Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кошкање во МВР, дополнителниот го критикува министерот: Граѓаните по седум дена не можат да закажат термин
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) СДСМ не исклучува коалиција и со ДУИ на локалните избори
Претрес
Командант Бреза треба да остане 11 години во затвор, осуден е за дрога, разбојништво и други дела
МВР
По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка
Новости
Судството пред пратениците: што работел Советот минатата година
Брифинг
Две групи малолетници се пресметале кај хотел „Карпош“, едно лице е прободено и во болница
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кошкање во МВР, дополнителниот го критикува министерот: Граѓаните по седум дена не можат да закажат термин

Претрес.мк
Последни промени 23/02/2024
Претрес.мк
Сподели

Во разговор за ТВ21, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за гужвите кои се создаваа во целиот процес на вадење лични документи, закажување, сликање и земање, објасни дека принципот на работата на пунктот за сликање „Пролет“ со „прв дојден, прв услужен функционираше.

„Знаете дека од октомври, ноември го отворивме пунктот „Пролет“ којшто функционираше без телефонско закажување на принципот „прв дојден, прв услужен“. Го отворивме тој пункт бидејќи во месеците јули, август и септември имавме појава каде што луѓето закажуваат а не се појавуваат на закажаните термини. Дали било организирано или политички мотивирано, не може да се докаже. Тогаш раководството на МВР, јас бев шеф на кабинет, министерот Спасовски, одлучи дека треба да отвориме еден пункт за Скопје бидејќи остатокот од државата се над 99% веќе со извадени документи, се отвори пунктот „Пролет“ со модел „прв дојден, прв услужен“. Со доаѓањето на новиот министер, тој одлучи дека тоа е ужасно решение, го укина и ги врати повторно телефонските закажувања за денес граѓаните по седум осум дена вртат и не можат да добијат за да закажат термин. Јас тогаш а и сега јавно кажувам дека бев против укинување на принципот „прв дојден, прв услужен“ бидејќи сепак ја движеше работата а сега имаме застој. Најголемите гужви беа кога првично дојдоа над 170.000 граѓани наеднаш кога сфатија дека одредени политичари ги лажат со тоа „Никогаш Северна“ и реално дојдоа да ги сменат своите документи. Тогаш се створи ден-два гужва во прием на документи кои ги издававме во законски предвидениот рок, донесовме и одлука дека ќе се носат на домашна адреса. И како што информирав пред некој ден 95% од тие документи веќе се однесени на домашна адреса, луѓето се најдени и ги примиле своите документи. Повелете да проверите во МТВ на пунктот за издавање лични документи дека нема никаква гужва”, рече Бојмацалиев.

На прашање како оди сега процесот на закажувње Бојмацалиев потврди дека граѓаните во моментот се жалат дека Call центарот не функционира и дека секојдневно има барања пак да се врати пунктот во „Пролет“ со функционирање „прв дојден, прв услужен“.

„Стојам на ставот дека вака не функционира и дека треба да се врати „Пролет“ во режим на работа „прв дојден, прв услужен“, бидејќи граѓаните тоа го бараат. Јас само ги пренесувам реакциите на граѓаните. Call центарот не функционира бидејќи има преголем број телефонски јавувања и граѓаните чекаат по седум, осум дека да добијат на телефон, наспроти тоа што го кажувате дека чекале по седум, осум часа“, дециден беше Бојмацалиев.

Можеби ќе ти се допадне

Командант Бреза треба да остане 11 години во затвор, осуден е за дрога, разбојништво и други дела

Две групи малолетници се пресметале кај хотел „Карпош“, едно лице е прободено и во болница

Во скопско Волково: Мотоциклист повреден во судир со „ауди“ – итно префрлен во клиника

Четири возила во тешка сообраќајка кај Колари – една жена со тешки повреди пренесена во Скопје

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) СДСМ не исклучува коалиција и со ДУИ на локалните избори
Командант Бреза треба да остане 11 години во затвор, осуден е за дрога, разбојништво и други дела
По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка
Судството пред пратениците: што работел Советот минатата година
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад