Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Снимка од двајцата полицајци кои се растуркаа пред скопскиот клуб „Мош“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) СДСМ не исклучува коалиција и со ДУИ на локалните избори
Претрес
Командант Бреза треба да остане 11 години во затвор, осуден е за дрога, разбојништво и други дела
МВР
По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка
Новости
Судството пред пратениците: што работел Советот минатата година
Брифинг
Две групи малолетници се пресметале кај хотел „Карпош“, едно лице е прободено и во болница
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Снимка од двајцата полицајци кои се растуркаа пред скопскиот клуб „Мош“

Претрес.мк
Последни промени 21/02/2024
Претрес.мк
Сподели

Турканица и замавнувања се гледаат на снимката каде полицаецот Ивица Б. кој од МВР беше назначен за обезбедување на Христијан Мицкоски и неговиот колега Влатко Г, полицаец од ЕНТ кој бил на должност решиле меѓусебно да се пресметаат. Како што претходно објави „Скопје1“ се почнало со вербална расправија во клубот и кулминирало со туркањето. До денеска, МВР не одговори на прашањата од „Скопје1“, какви повреди има полицаецот кој како што напишаа, бил физички нападнат.

Расправијата од внатре кулминира надвор, кога полицаецот на должност не се повлекува во моментот на расправијата, ниту повикува колеги, туку продолжува да се расправа и да се бутка кон Ивица Б. Во еден момент, Ивица Б. замавнува кон него, а тој се повлекува. Случајот не заврши во Обвинителството за гонење организиран криминал односно полициското одделение, бидејќи освен дисциплинска повреда, во овој случај нема никакви други прекршувања. Во моментот кога се случува настанот, според нашите извори, претресот бил завршен.

Кој е полицаецот на должност?

Повеќе медиуми пишуваа за полицаецот Влатко Г. кој е вториот учесник во инцидентот, па според нив, неговата крииминална историја не е чиста. Тие посочуваат дека има пет кривични пријави, и тоа три се за загрозување на безбедност во сообраќај, една за семејно насилство, четврта за телесна повреда при семејно насилство, а пред две години имал и дисциплинска постапка за исчезнати пари одземени при претрес.

„Скопје1“ побара детали од МВР за тоа дали овие информации за полицаецот на должност се точно, а одговор очекуваме. Засега е непзнато и кој е епилогот од овие постапки, доколку истите се покренати во соодветното јавно обвинителство.

Кој е Ивица Б?

Ивица Б. е вработен во МВР и на барање на ВМРО-ДПМНЕ е беше дел од обезбедувањето на лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Штом изби скандалот, МВР доби барање за негово итно повлекување и тој сега не е дел од тимот на лидерот на партијата.

За време на мандатот на Наќе Чулев, како министер за внатрешни работи во техничката влада во 2020 година, Ивица Б. беше именуван за командант на елитната полициска единица ,,Тигри“, една од 15-те позиции на кои Чулев направи промени. За време на мандатот на Панче Тошковски тој не ја доби оваа доверба, а ВМРО-ДПМНЕ најави неселективна правда.

Можеби ќе ти се допадне

Командант Бреза треба да остане 11 години во затвор, осуден е за дрога, разбојништво и други дела

Две групи малолетници се пресметале кај хотел „Карпош“, едно лице е прободено и во болница

Во скопско Волково: Мотоциклист повреден во судир со „ауди“ – итно префрлен во клиника

Четири возила во тешка сообраќајка кај Колари – една жена со тешки повреди пренесена во Скопје

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) СДСМ не исклучува коалиција и со ДУИ на локалните избори
Командант Бреза треба да остане 11 години во затвор, осуден е за дрога, разбојништво и други дела
По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка
Судството пред пратениците: што работел Советот минатата година
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад