Кривична пријава за сомнение за „вонбрачен живот со дете“ е поднесена против 19-годишник од Скопје, кој привремено престојувал во Струга.Според информациите од МВР, на 8 септември 2026 година, со судска наредба бил извршен претрес во домот што го користел пријавениот. Таму бил пронајден со 16-годишна малолетничка од Скопје.Малолетничката била предадена на претставници на Центарот за социјална работа во Струга за натамошно постапување.
Сподели го овој напис
