Жена од Штип пријавила дека била физички нападната од сопругот со кого е во бракоразводна постапка, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, 23-годишната жена на 23 октомври во 21:10 часот пријавила дека околу 1 часот по полноќ била нападната од нејзиниот 29-годишен сопруг Д. Ч., исто така од Штип.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
