Албански државјанин е приведен откако во полиција било пријавено дека физички нападнал 36-годишен жител на селото Новак, Општина Центар Жупа.Од МВР информираат дека на 26 август во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Блато“ го лишиле од слобода 41-годишниот Ќ.Р.Според пријавата, тој во селото Новак физички го нападнал Б.Ш., исто така жител на селото.По целосното документирање на случајот, против 41-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели го овој напис
