Заталкано зрно од огнено оружје оштетило панел на гаража во дом во Студеничани, по што случајот бил пријавен во полиција.МВР соопшти дека на 15 август 2026 година во 21:10 часот во СВР Скопје, 35-годишната Ј.А. од Студеничани пријавила дека заталкано зрно од огнено оружје го оштетило панелот со кој била покриена гаражата во нејзиниот дом.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до оштетувањето.
Сподели го овој напис
