Четириесет и петгодишен скопјанец пријавил дека неговата 15-годишна ќерка била физички нападната од жена во сообраќајна ситуација во центарот на Скопје.Според МВР, случајот бил пријавен на 13 август во 19:00 часот во СВР Скопје. Пријавителот навел дека околу 15:15 часот, на подрачјето на Центар, пред пешачки премин, женско лице кое управувало патничко возило физички ја нападнало неговата малолетна ќерка.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Сподели го овој напис
