Полицијата во Прилеп лишила од слобода 35-годишен маж, откако при преземени дејствија кај него била пронајдена грутчеста материја.Според МВР, Ч.К. (35) од Прилеп бил лишен од слобода на 13 август во 15:00 часот на улицата „Пере Тошев“ во градот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп.Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
