Двајца жители на Тетово се лишени од слобода откако полицијата при преглед на возило во Тетово пронашла и одзела бела прашкаста материја.Од МВР информираат дека на 13 август во 23:20 часот, на улицата „Иво Рибар Лола“, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.С. (43) и С.М. (42).Тие се наоѓале во автомобил „мерцедес“ со германски регистарски ознаки. Возилото го управувал А.С., додека С.М. бил сопатник.При извршениот преглед, полицајците пронашле и одзеле бела прашкаста материја.
Сподели го овој напис
