50-годишен жител на Долна Бањица се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во гостиварската населба „Фазанерија“.Според МВР, несреќата била пријавена на 12 август во 11:40 часот. Мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.С., паднал на патот.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.
Сподели го овој напис
