Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 66-годишниот И.С.Б. од село Баниште, дебарско, поради сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.Според пријавеното, во текот на 2025 и 2026 година, на дел од катастарски парцели во катастарската општина Баниште, тој на државно земјиште изградил ограден ѕид со настрешница, без претходно да добие решение за поставување од надлежен орган.
Сподели го овој напис
