Двајца жители на Прилеп се лишени од слобода откако полицијата при преглед кај едниот од нив пронашла прашкаста материја.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 август околу 21:50 часот на кејот „19 Септември“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле Ј.Р.(27) и Д.Р.(26), двајцата од Прилеп.При извршениот преглед, кај Д.Р. била пронајдена прашкаста материја.По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
