Полициски службеници од СВР Тетово интервенирале на 19 јули околу 20:13 часот по пријава за пукање од оружје или пиротехника во тетовската населба Дреновец.По излегувањето на местото, полицијата утврдила дека во куќа каде што се одржувала семејна веселба, организирана од М.А. (49), еден од гостите, 22-годишниот У.Р. од Тетово, и покрај предупредувањата, употребил огномет и петарди.Со него бил извршен информативен разговор, а изготвен е и записник за констатиран прекршок против јавниот ред и мир.
Сподели го овој напис
