Полициски службеници на 3 јули во 11:15 часот во Охрид го лишиле од слобода 45-годишниот С.П. од Охрид, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога.Од МВР информираат дека претресот бил извршен по претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, како и други предмети.По целосното документирање на случајот, против С.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Сподели го овој напис
