Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Петмина скопјани под истрага: Ширеле ИСИС пропаганда преку интернет канали, се гонат за тероризам
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности
МВР
Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар
МВР
Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор
МВР
Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево
МВР
Внимание ако денес возите низ Скопје: Овие улици ќе бидат затворени до 14 часот
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Петмина скопјани под истрага: Ширеле ИСИС пропаганда преку интернет канали, се гонат за тероризам

Претрес.мк
Последни промени 17/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против пет лица од Скопје, на возраст од 22 до 34 години, кои се осомничени за кривичното дело „Терористичка организација“.Постапката е поведена по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, а предметот е резултат на координирани активности спроведени под раководство на јавен обвинител, во соработка со Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам и Агенцијата за национална безбедност.Според Обвинителството, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група на социјална платформа во која членувале и останатите осомничени.„Во текот на 2025 и 2026 година, преку овие комуникациски канали осомничените ширеле содржини со кои се промовирала и поддржувала идеологијата на терористичката организација ИСИС и други идеолошки поврзани терористички организации, како и џихадистички идеолошки материјали. Целта била ширење на пропаганда, идеолошка индоктринација и глорификација на терористички дејствија и нивни извршители“, соопшти Обвинителството.По наредба на судија на претходна постапка, вчера биле извршени претреси на пет локации во Скопје. Три од нив биле во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што двајца од осомничените издржуваат затворски казни за други кривични дела, а еден се наоѓа во притвор. Претреси биле извршени и на уште две локации поврзани со останатите осомничени.При претресите биле пронајдени и одземени повеќе електронски уреди и други предмети кои ќе бидат предмет на вештачење и понатамошна доказна постапка.Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје делумно го прифатил предлогот на јавниот обвинител. На еден од осомничените му е определен притвор, додека за вториот е изречена мерка куќен притвор. За останатите лица засега не се соопштуваат дополнителни мерки.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности
Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар
Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор
Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад