Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична пријава против петмина скопјани за терористичка организација
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат е проблемот со здравственото осигурување на вработените
МВР
Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица
МВР
28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари
МВР
Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута
МВР
Изградил ограден ѕид и настрешница на државно земјиште, пријавен за узурпација
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична пријава против петмина скопјани за терористичка организација

Претрес.мк
Последни промени 17/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против пет лица од Скопје поради сомнение дека сториле кривично дело „терористичка организација“.Како што соопшти МВР, пријавени се Ј.К. (30), Ј.М. (22), М.Т. (23), Р.К. (23) и Г.М. (34), сите од Скопје. Постапката е поведена врз основа на претходно добиени сознанија и информации од меѓународни партнери, а акцијата била реализирана во координација со Агенцијата за национална безбедност и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.Според истрагата, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет-медиумски канал и група во која членувале останатите пријавени. Во текот на 2025 и 2026 година тие, според МВР, дејствувале како терористичка организација која јавно повикувала и поттикнувала формирање терористичка организација врз основа на идеологијата на ИСИС и други сродни екстремистички организации.Во групата биле споделувани пропагандни и идеолошки содржини со цел ширење радикални ставови, идеолошка индоктринација и глорификација на припадниците на ИСИС.На 16 јуни, со судска наредба, биле извршени претреси на пет локации во Скопје, од кои три во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што дел од осомничените издржуваат затворски казни или се наоѓаат во притвор. Претреси биле извршени и во домовите на двајца од осомничените.При акцијата биле пронајдени и одземени повеќе електронски уреди кои ќе се користат како доказен материјал во натамошната постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат е проблемот со здравственото осигурување на вработените
Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица
28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари
Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад