72-годишен жител на скопското село Зелениково го загубил животот во несреќен случај додека работел на нива со мотокултиватор.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 јуни во Полициската станица Драчево било пријавено оти во селото бил пронајден починат Ц.К. (72) од Зелениково.Според пријавеното, тој утрото излегол да работи на нива со својот мотокултиватор, но откако не се вратил дома до 13 часот, неговиот брат тргнал да го побара. Кога пристигнал на нивата, го пронашол безживотното тело на 72-годишникот под мотокултиваторот.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со несреќата.
Сподели го овој напис
