На 16 јуни околу 23:40 часот во СВР Скопје, 24-годишниот Д.А. од Скопје пријавил дека неговиот малолетен внук бил физички нападнат на подрачјето на Шуто Оризари.Според пријавата, нападот го извршило едно лице, а засега не се соопштуваат повеќе детали за околностите под кои се случил инцидентот.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.
Сподели го овој напис
