Полициски службеници од Полициската станица Кривогаштани вчера лишиле од слобода 29-годишен жител на струмичкото село Баница, откако бил затекнат како управува возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.Како што информираат од СВР Битола, настанот се случил на 16 јуни околу 11:45 часот во Кривогаштани, при редовна сообраќајна контрола.Полициските службеници сопреле товарно возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.С. (29). По извршените проверки било утврдено дека возачот управувал со возилото иако против него била на сила активна забрана за управување моторно возило.Возилото било одземено, а лицето било приведено и задржано во полициска станица.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
