СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.А. (55) од Скопје поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела поврзани со измама, злоупотреба на лични податоци и фалсификување исправи.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, до 18 август 2022 година, без согласност на лице од Гевгелија и спротивно на законските одредби, телефонски прибирал, обработувал и искористил негови лични податоци, кои потоа ги употребил за изработка на лажна патна исправа.МВР наведува дека фалсификуваната исправа ја искористил во постапка за добивање кредит од финансиско друштво од Скопје, при што доставил невистинити податоци за својата имотна состојба и други информации значајни за одобрување на кредитот.Со ваквите незаконски дејствија, осомничениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 90.000 денари, а дополнително предизвикал материјална штета од 58.694 денари.По целосното документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава за кривичните дела „измама при добивање кредит или друга погодност“, „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“.
Сподели го овој напис
