Косовска државјанка пријавила во полиција дека подолг период била психички и физички малтретирана од тетовец кој ја ангажирал да се грижи за неговата болна мајка, а при обид да го напушти работното место била физички нападната и се здобила со тешки телесни повреди.Според информациите од СВР Тетово, на 14 јуни 2026 година, околу 13 часот, во полициската станица се јавила Џ.М. (50) од Косово и пријавила дека била физички нападната од Г.Ј. од Тетово.Како што навела во пријавата, тој извесен период психички и физички ја малтретирал, а кога се посомневал дека сака да си замине, физички ја нападнал и ѝ нанел тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.Од полицијата информираат дека поради нерегулиран престој во државата, косовската државјанка била приведена во полициска станица, по што била спроведена до Граничниот премин „Јажинце“.СВР Тетово соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на Г.Ј., по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Надлежните продолжуваат со расчистување и документирање на случајот.
Сподели го овој напис
