Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што вчера попладнето се случила на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 16:23 часот од Итната медицинска помош.„На булеварот ‘М.Т. Гологанов’, пред улицата ‘Лондонска’, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘форд’ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од Г.С. и мотоцикл ‘сузуки’ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Т. од Скопје“, соопшти МВР.Во судирот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Полицијата извршила увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила незгодата.
Сподели го овој напис
