Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Од Франција во Македонија испратиле дрога во ДВД опаковки: Американец уапсен при подигнување на пратките
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности
МВР
Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар
МВР
Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор
МВР
Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево
МВР
Внимание ако денес возите низ Скопје: Овие улици ќе бидат затворени до 14 часот
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Од Франција во Македонија испратиле дрога во ДВД опаковки: Американец уапсен при подигнување на пратките

Претрес.мк
Последни промени 12/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Царинската управа спречи обид за неовластен промет со наркотична дрога, откако по разузнавачка информација беа откриени сомнителни поштенски пратки пристигнати од Франција во Царинската испостава Пошти.Според информациите, пратките биле наменети за лицето Ј.Е., државјанин на САД, а дрогата била сокриена во ДВД и ЦД-изданија. При контрола со скенер за поштенски пратки, царинските службеници забележале сомнителна содржина, по што биле вклучени мобилен царински тим и царинско куче.По извршените проверки и тестирања со специјална опрема било утврдено дека во четирите пратки се наоѓале 12,5 грама метамфетамин, 20 грама МДМА и осум грама кокаин.Случајот бил предаден на Одделението за истраги, кое по налог на јавен обвинител презело предистражни дејствија. Во моментот на примопредавање на пратките, инспекторите го привеле осомничениот, по што бил извршен и претрес во домот каде што живеел со сопругата.При претресот дополнително биле пронајдени две стаклени шишенца со зелена растителна материја со интензивен мирис, две стаклени лулиња за пушење марихуана, како и 33 ампули тестостерон.Пронајдената дрога е одземена и испратена на вештачење, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности
Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар
Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор
Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад