Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Мотоциклист удрил во полицаец и почнал да бега, фрлил торба со таблети додека бегал
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Барал пари од дедо му, откако не ги добил го претепал – кривична за 20-годишен кочанец
МВР
Со месеци праќала пари за „болно дете“ – прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 700.000 денари
МВР
Тешко повредено дете во сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје
МВР
Маж со остар предмет ја нападнал сопругата во Гостивар
МВР
Автомобил удри во 76-годишна жена во Велес, со тешки повреди е пренесена во болница
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Мотоциклист удрил во полицаец и почнал да бега, фрлил торба со таблети додека бегал

Претрес.мк
Последни промени 11/06/2026
Претрес.мк
Сподели

На 10 јуни 2026 година, околу 18:50 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б. (26) од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, претходно, околу 18:20 часот на булеварот „Партизански одреди“, тој, управувајќи мотоцикл, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, кои биле на службени мотоцикли, туку продолжил со движење.Набргу потоа, откако бил пристигнат од полициските мотоцикли, 26-годишникот намерно удрил во еден од нив, при што и тој и полицискиот службеник паднале на коловозот. По судирот, тој го напуштил местото на настанот.Во инцидентот, полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му била укажана лекарска помош.По преземени мерки и активности, осомничениот бил пронајден и приведен. При неговото лишување од слобода, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Дополнително, полицијата ја пронашла и торбичката што ја фрлил додека бегал со мотоциклот, во која имало повеќе од 100 таблети.Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Барал пари од дедо му, откако не ги добил го претепал – кривична за 20-годишен кочанец
Со месеци праќала пари за „болно дете“ – прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 700.000 денари
Тешко повредено дете во сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје
Маж со остар предмет ја нападнал сопругата во Гостивар
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад