Две лица од Гостиварско се лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла и одзела марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 10 јуни во 21:40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги привеле А.М. (19) од селото Паталиште и А.Т. (23) од селото Трново. При извршен преглед, кај 19-годишникот била пронајдена и одземена марихуана.Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошните простории на А.Т. во селото Долна Бањица, како и преглед на неговото патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки.При претресот и прегледот, полициските службеници повторно пронашле и одзеле марихуана.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Сподели го овој напис
