Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Полициска акција низ државата: 21 возач фатен без возачка дозвола
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Полициски службеник приведен поради напад врз партнерката и нејзиниот малолетен син
МВР
Заталкан куршум оштетил автомобил во Гази Баба
МВР
Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија која станала недостапна по влезот во земјава
МВР
Автомобил изгоре во Кочани
МВР
Кражба во црква кај Крива Паланка, украдени пари и бакарен котел
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Полициска акција низ државата: 21 возач фатен без возачка дозвола

Претрес.мк
Последни промени 10/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници низ државата лишиле од слобода вкупно 23 возачи поради безобѕирно управување со возила, при што дури 21 лице управувале без возачка дозвола, а меѓу нив имало и тројца малолетници.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осум лица биле приведени во Скопје, од кои едно било малолетно. Во Гостивар биле лишени од слобода четири лица, меѓу кои исто така имало еден малолетник, додека во Кичево биле приведени двајца возачи.По едно лице без возачка дозвола било затекнато во Тетово, Куманово, Кочани, Валандово, Битола и Прилеп, а во Неготино бил приведен уште еден малолетник.Дополнително, по едно лице во Битола и Штип било лишено од слобода поради управување возило под дејство на алкохол.Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против сторителите.Воедно, од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Полициски службеник приведен поради напад врз партнерката и нејзиниот малолетен син
Заталкан куршум оштетил автомобил во Гази Баба
Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија која станала недостапна по влезот во земјава
Автомобил изгоре во Кочани
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад