Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Пет лица од 17 до 72 години фатени како возат без возачка дозвола
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Битолчанец нападнал обезбедување во казино
МВР
Издавале АТВ-мотори без договори, фирма и управител пријавени за даночно затајување
МВР
Гостиварец ја нападнал сопругата и ѝ упатувал закани кон нејзиниот татко
МВР
17-годишник возел автомобил без дозвола
МВР
Едно лице тешко повредено во сообраќајка меѓу камион и автомобил кај Кичево
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Пет лица од 17 до 72 години фатени како возат без возачка дозвола

Претрес.мк
Последни промени 10/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Пет лица, меѓу кои и малолетник, се лишени од слобода во акциски контроли спроведени од полицијата во Тетово и Гостивар поради управување возила без возачка дозвола.Како што информира СВР Тетово, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во координација со јавен обвинител, во текот на вчерашниот ден реализирале засилени контроли на патиштата.Во населбата Циглана во Гостивар, во 10 часот биле запрени три мотоцикли управувани од Ш.З. (42) од село Долна Ѓоновица, 17-годишник од Велес и А.Е. (71) од Гостивар. Малолетникот бил лишен од слобода во присуство на инспектор за малолетници.Подоцна, во 11:30 часот на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полицијата сопрела уште еден мотоцикл управуван од М.А. (72) од Гостивар.Во Тетово, пак, во 15 часот на крстосницата меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „Браќа Миладинови“, полициски службеници запреле патничко возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Л. (20) од Тетово.По консултација со јавен обвинител, сите пет лица биле приведени и задржани во полициска станица, а мотоциклите и возилото им биле одземени. По целосното документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Битолчанец нападнал обезбедување во казино
Издавале АТВ-мотори без договори, фирма и управител пријавени за даночно затајување
Гостиварец ја нападнал сопругата и ѝ упатувал закани кон нејзиниот татко
17-годишник возел автомобил без дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад