Седумдесет и едногодишен жител на виничкото село Драгобраште починал откако им подлегнал на повредите здобиени во несреќа со трактор што се случила два дена претходно.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни во 10:09 часот во Полициската станица Виница било пријавено од лекар од Итната медицинска помош дека кај нив бил донесен В.А. (71) од село Драгобраште, кој и покрај укажаната лекарска помош и извршената реанимација, починал.По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Виница.Според првичните информации, несреќата се случила на 6 јуни во вечерните часови, кога В.А., управувајќи трактор на локален пат во селото Драгобраште, излетал од коловозот. По несреќата тој се вратил дома и не побарал лекарска помош.Два дена подоцна, на 8 јуни околу 9 часот, неговиот син го однел во болницата во Виница поради влошена здравствена состојба. Оттаму бил препратен во болницата во Кочани, но по кратко време му се слошило. Екипа на Итната медицинска помош од Виница се обидела да го реанимира, но тој им подлегнал на повредите.Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
