Човечко тело во фаза на распаѓање било пронајдено во близина на реката Лепенец, во скопското село Орман, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 8 јуни околу 18:30 часот во СВР Скопје. Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, при што кај телото била пронајдена автобусна картичка на име Ј.М. (70) од Скопје, женско лице.По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, која треба да го утврди идентитетот на починатото лице, како и причините и времето на смртта.Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
