Полициски службеници од Полициското одделение Групчин привеле 28-годишен жител на гостиварското село Врапчиште, кој бил затекнат како управува автомобил без возачка дозвола.Како што информира СВР Тетово, на 7 јуни околу 14:40 часот во селото Стримница бил лишен од слобода И.Б. (28) од Врапчиште.При извршената контрола било утврдено дека тој управувал патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки без да има положен возачки испит и без да поседува возачка дозвола.Од полицијата соопштија дека возилото е одземено, а по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.Надлежните служби продолжуваат со активностите за расчистување на сите околности поврзани со случајот.
Сподели го овој напис
