Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Жалбата на Стефан Богоев за притворот сè уште не е стигната до Кривичниот совет, се чека мислење од обвинителот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Узурпирал државна парцела и бесправно градел, кривична за жител на дебарско
МВР
Тројца прилепчани уапсени на концерт во Охрид, пронајдени дрога и халуциногени печурки
МВР
Голем пожар кај Прилеп: Изгоре викендичка и насад со лешници
МВР
Марихуана пронајдена кај 26-годишник во Тетово
МВР
Чичко ненамерно му ја прегазил ногата на својот внук со автомобил
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Жалбата на Стефан Богоев за притворот сè уште не е стигната до Кривичниот совет, се чека мислење од обвинителот

Претрес.мк
Последни промени 07/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Жалбата што ја поднесе поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.Од Судот велат дека жалбата во петокот била проследена до надлежното обвинителство, но јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата.„По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител сè уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка предметот ќе го достави до Кривичниот совет на одлучување“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.Богоев е осомничен во истрагата што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а која се однесува на сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали.Судот претходно му определи мерка притвор, по што неговата одбрана најави жалба, наведувајќи дека понудила гаранции и мерки на претпазливост кои, според нив, можеле да обезбедат присуство на осомничениот во текот на постапката.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Узурпирал државна парцела и бесправно градел, кривична за жител на дебарско
Тројца прилепчани уапсени на концерт во Охрид, пронајдени дрога и халуциногени печурки
Голем пожар кај Прилеп: Изгоре викендичка и насад со лешници
Марихуана пронајдена кај 26-годишник во Тетово
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад