Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Фиктивни купувачи, фалсификувани потписи и заработка од над 1,4 милиони денари од дрва во Радовиш
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности
МВР
Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар
МВР
Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор
МВР
Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево
МВР
Внимание ако денес возите низ Скопје: Овие улици ќе бидат затворени до 14 часот
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Фиктивни купувачи, фалсификувани потписи и заработка од над 1,4 милиони денари од дрва во Радовиш

Претрес.мк
Последни промени 04/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Полицијата поднесе кривична пријава против 43-годишен жител на општина Конче и правен субјект од Радовиш поради сомнение за злоупотреба на службената положба, фалсификување документи и незаконско стекнување имотна корист од над 1,4 милиони денари.Како што информираат од СВР Струмица, пријавениот С.К., како одговорно лице во фирмата, изготвувал фиктивни испратници за продажба на дрвни сортименти, адресирани до непостоечки лица и без наведени адреси за испорака. Во дел од документите биле вршени и корекции на количините и видот на огревното дрво.Со ваквите активности, според истрагата, бил овозможен промет на незаконски стекната дрвна маса од 173,31 кубни метри, при што била остварена противправна имотна корист од 864.262 денари.Дополнително, при проверка на 27 испратници било утврдено дека постојат значителни разлики меѓу прикажаните и реално испорачаните количини. Наместо евидентираните 46 кубни метри, на терен биле испорачани 149 кубни метри огревно дрво. Со продажбата на дополнителни 103 кубни метри дрва, пријавените стекнале уште 566.500 денари противправна корист.Истрагата покажала и дека С.К. фалсификувал потпис на овластено лице во делот „одговорно лице“ на испратниците, по што документите биле користени како валидни исправи во правниот промет.Според полицијата, со овие дејствија пријавените оствариле вкупна противправна имотна корист од 1.430.762 денари.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности
Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар
Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор
Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад