Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Бебе продадено за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
По гужвите на Табановце, МВР воведе електронско плаќање на казните за странци – сообраќајот нормализиран
МВР
(Фото) Апсења во Тетово и Гостивар: „Тигрите“ претресуваа, најдени се оружје, муниција, дрога
МВР
За два дена 5.514 прекршоци од странски возила регистрирал “Безбеден град”, над 310 илјади прекршоци се направени откако е пуштен во употреба
МВР
Тројца приведени во две одделни полициски акции
МВР
Шест уапсени, 262 казнети: голема акција на МВР низ Скопје, се ловеа мотоциклисти
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Бебе продадено за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи

Претрес.мк
Последни промени 04/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против шест лица поради сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“, поврзано со организирање и реализирање незаконско посвојување на новороденче.Според МВР, пријавените Ф.А. (63), Ѓ.К. (57), И.Ш. (35), Џ.Ш. (35), С.Ј. (35) и И.А. (38) во текот на 2024 и 2025 година биле вклучени во незаконско посвојување на новородено бебе.Истрагата покажала дека Ф.А., користејќи ја својата позиција како згрижувач на деца, воспоставувала контакти со заинтересирани брачни парови, додека Ѓ.К. посредувала со родители кои се наоѓале во тешка материјална и социјална состојба. Тие, според полицијата, биле убедувани да се откажат од своите новородени деца во замена за паричен надомест и други бенефиции.На овој начин, како што наведува МВР, биле убедени С.Ј. и нејзиниот невенчан сопруг И.А. да го предадат своето новороденче во замена за финансиска помош од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи.По напуштањето на болницата, мајката и бебето биле однесени во дом каде што пристигнале И.Ш. и Џ.Ш., кои го презеле новороденчето и го однеле во својот дом во улога на „посвоители“.Во рамки на истрагата е утврдено дека во октомври 2025 година бил склучен договор за заем од 500 евра меѓу Џ.Ш. и И.А., а парите биле исплатени истиот ден, при што според полицијата тие претставувале надомест за незаконското посвојување на бебето.По наредба на судија на претходна постапка, на сите осомничени им е определена мерка домашен притвор.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

По гужвите на Табановце, МВР воведе електронско плаќање на казните за странци – сообраќајот нормализиран
(Фото) Апсења во Тетово и Гостивар: „Тигрите“ претресуваа, најдени се оружје, муниција, дрога
За два дена 5.514 прекршоци од странски возила регистрирал “Безбеден град”, над 310 илјади прекршоци се направени откако е пуштен во употреба
Тројца приведени во две одделни полициски акции
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад