Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Три лица уапсени, седум случаи на семејно насилство пријавени за едно деноноќие
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Три деца пронајдени во бессознание во Куманово, најверојатно се затруле од вдишување лепило
МВР
Малолетник тешко повреден по пад од коњ во штипско
МВР
МВР приведе 15 возачи без возачка дозвола, меѓу нив и тројца малолетници
МВР
Тешко повреден мопедист во сообраќајна несреќа во Свети Николе
МВР
Мотоциклист тешко повреден откако удри во автомобил, па во паркирана приколка
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Три лица уапсени, седум случаи на семејно насилство пријавени за едно деноноќие

Претрес.мк
Последни промени 03/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие биле евидентирани седум случаи на семејно насилство на различни локации низ државата, при што три лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор.Во Скопје, полициски службеници го привеле Г.К. (30), откако бил пријавен дека во семејниот дом физички ја нападнал својата мајка, при што употребил и тврд предмет.Во друг случај во скопско, 27-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг Џ.Б. (29) физички ја нападнал неа и нивниот малолетен син, а при нападот користел тврд предмет.Во Полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со Т.Т. (49), по пријава дека физички ја нападнал својата малолетна ќерка.Во Охрид бил уапсен К.Л. (33), откако неговата сопруга пријавила дека по расправија се обидел да ја нападне со остар предмет и ѝ упатувал закани.Во Берово, 43-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг М.Д. ја нападнал со метален предмет по претходна расправија во семејниот дом.Полициски службеници во Тетово го лишиле од слобода Б.А. (37), по пријава од неговата поранешна партнерка дека ја следел и вознемирувал, а потоа насилно влегол во нејзиното возило и ѝ го одзел мобилниот телефон.Во Велес, 75-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал користејќи пластичен и дрвен предмет.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Три деца пронајдени во бессознание во Куманово, најверојатно се затруле од вдишување лепило
Малолетник тешко повреден по пад од коњ во штипско
МВР приведе 15 возачи без возачка дозвола, меѓу нив и тројца малолетници
Тешко повреден мопедист во сообраќајна несреќа во Свети Николе
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад