Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Уште еден градоначалник на СДСМ доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Уште еден градоначалник на СДСМ доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба
МВР
Со остар предмет ѝ се заканувал на мајка си
МВР
Девет возачи приведени за безобѕирно возење, шестмина биле без возачка дозвола
МВР
Судир на „мерцедес“ и „пежо“ во Битола, две лица повредени
МВР
Граната од Првата светска војна пронајдена во Битола
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Уште еден градоначалник на СДСМ доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба

Претрес.мк
Последни промени 03/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Свети Николе поднесе кривична пријава против Сашо Велковски (55) од Свети Николе поради сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Според информациите од МВР, пријавениот во својство на градоначалник на Општина Свети Николе во текот на 2021 година ги пречекорил своите службени овластувања и постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и соодветниот правилник за издавање одобренија за градба.Тој, како што се наведува, лично изготвил, потпишал и издал одобрение за градење кое не било евидентирано во електронскиот систем на надлежниот општински сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и отуѓување на градежно земјиште.Одобрението, кое според полицијата е правно неважечко, било искористено од изведувач од Скопје за изградба на објект во вредност од 15,4 милиони денари. Со тоа, како што наведуваат од МВР, била предизвикана штета на нарачателот на објектот.Дополнително, изградениот објект не бил впишан во евиденцијата на Агенцијата за катастар на недвижности во Свети Николе, бидејќи се води како бесправно изграден објект.Против пријавениот ќе следува понатамошна постапка пред надлежните институции.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Уште еден градоначалник на СДСМ доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба
Со остар предмет ѝ се заканувал на мајка си
Девет возачи приведени за безобѕирно возење, шестмина биле без возачка дозвола
Судир на „мерцедес“ и „пежо“ во Битола, две лица повредени
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад