Триесет и четиригодишна жена од гостиварско село е лишена од слобода поради сомнение дека физички ја нападнала својата јатрва по претходна семејна расправија.Од СВР Тетово информираат дека на 1 јуни во 21:15 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате ја привеле жената, постапувајќи по претходна пријава.Според пријавеното, во 17:20 часот во ОВР Гостивар, 39-годишна жена пријавила дека ден претходно, на 31 мај, во заедничката семејна куќа во гостиварско село, по расправија поврзана со нивните малолетни деца, била физички нападната од својата јатрва.Осомничената е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.Надлежните институции работат на расчистување на сите околности поврзани со инцидентот.
Сподели го овој напис
