Во последните 24 часа полицијата евидентирала седум случаи на семејно насилство низ државата, при што шест лица биле лишени од слобода поради физички напади и закани кон членови на семејството, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во Скопје бил приведен 36-годишен скопјанец кој, според пријавата, физички го нападнал својот 60-годишен татко.Во штипско село, 25-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот, кој претходно ги нападнал и нивните малолетни деца. Жената и децата биле згрижени преку Центарот за социјални работи.Во Куманово, 26-годишен маж бил приведен поради сомнение дека физички ја нападнал 16-годишната ќерка на својата вонбрачна сопруга.Во Велес биле приведени две лица. Едниот, 53-годишен велешанец, физички го нападнал својот 16-годишен син, а при интервенцијата било утврдено дека бил под дејство на алкохол со 1,87 промили. Друг 34-годишен жител на Велес бил лишен од слобода поради закани кон неговите родители, а алкотестирањето покажало 0,87 промили алкохол во крвта.Во тетовско село, полицијата привела 38-годишен маж откако неговата мајка пријавила дека физички ја нападнал по расправија.Во Гостивар, пак, 42-годишен маж бил приведен по пријава од сопругата, со која е во бракоразводна постапка, дека ја нападнал физички и ѝ го оштетил автомобилот.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Сподели го овој напис
